(ФОТО) Миленикот на тинејџерките, Филип Пешевски со провокативна фотосесија најавува нова песна!
Младиот и талентиран пејач Филип Пешевски, активно работи на својата кариера. Откако пред пред три месеци ја издаде „Кај мене во бело си“, сега повторно работи на нова песна. Авторското дуо Лазар и Магдалена Цветковски работат на новото музичко парче на Филип, а за истата снима и видео приказна во Саранда.
„Мислам дека овој пат имам хит. Не го откривам насловот, ќе ве држам во неизвесност уште некое време, но затоа ќе ве почестам со мојата најнова фотосесија“ - вели миленикот на тинејџерките.
Додека ја очекувате новата песна, уживајте во провокативната фотосесија на Филип, кој мора да заклучиме дека внимава на својот изглед.