(ФОТО) МОРА ДА ЈА ПОСЕТИТЕ: Просветно дело ребрендираше книжарница
Издавачката куќа Просветно дело во саботата организираше свечено отворање на нова ребрендирана книжарница во трговскиот центар Скопје Сити Мол.
По осум години успешно работење на книжарницата во овој трговски центар, Просветно дело, по повод новата локација, организираше свечено отворање GRAND RE-OPENING со мото „dress code – wear love for books”.
Гостите имаа можност да уживаат во големиот избор на книги и да се забавуваат во пријатна атмосфера.
Книжарницата ја отвори главниот уредник Весна Дукоска која изјави:
„Радост сме за децата, но и за нивните родители − секојдневно ги слушаме тие зборови и тие реченици. И тоа нè мотивираше да отвориме поголема и поексклузивна книжарница. Велат дека во животот никогаш не можеш да бидеш 100% подготвен и никогаш нема да дојде вистинското време да се стремите кон нешто ново, но тоа е и поентата: тоа значи дека секој момент од животот претставува и вистински момент, а ако нешто навистина сакате, ќе имате храброст и да го направите тоа. Нашата цел не е да бидеме подобри од другите, туку да бидеме најдобрата верзија од себе, да бидеме свои, а тоа нè прави да се разликуваме од другите и нè прави посебни. Оваа година Просветно дело слави 75 години успешна работа и секако, нашето долгогодишно искуство го реализираме и преку еден нов тип книжарница со посебен привлечен стил. Голема благодарност до сите вас за долгогодишната соработка на која сме секако горди”.
Книги, музика и љубов беше симболот на новата ребрендирана книжарница на Просветно дело, па наша препорака е да ја посетите!