(ФОТО) Најновиот Инстаграм предизвик ги обедини жените ширум светот
Над 7 000 000 жени и девојки ширум светот се приклучија кон најновиот Инстаграм предизвик наречен womensupportingwomen (жени поддржуваат жени).
Предизвикот за позитивноста и женската солидарност - вклучува објавување на црно-бела слика од себе и номинирање на други жени да се приклучат на трендот, да го направат истото со хаштагот #challengeaccepted.
Предизвикот со црно-бели фотографии на социјалните мрежи стана вирален, и резултираше со огромна поддршка.
Во обид да се промовира позитивност и зајакнување на позицијата на жените во време на пандемијата се приклучија голем број познати од земјава, регинов и насекаде во светот.
Дел од нив се Шарлиз Терон, Иванка Трамп, Џенифер Анистон, Викторија Лоба, Лила Филиповска, Вера Мештеровиќ, Викторија Бекам, Северина..