(ФОТО) Од аеродром на матура: Гиговска цела во розево!
Младата пејачка Антониа Гиговска оваа година е матурантка, а вчеравечер се оддржуваше забавата по повод нејзиното матурирање.
Да не заборавиме да напоменеме дека Антониа беше дел од евровизискиот тим во Тел Авив. Таа мораше да ја напушти македонската делегација еден час по завршувањето на Евровизија, само за да може да присуствува на забавата.
Со оглед на кратко време што и беше на располагање за да се подготви, Антониа дефинитивно повторно заблеска. Во розево фустанче, сандали, плик чантиче и долга пуштена коса, се појави на забавата, а уморот од напорната агенда изминатите денови ја остави во заборав.