
(ФОТО) По 3 години зачекори на црвениот тепих: Бијонси, заблеска со ќерка си!
Во Лос Анџелес се одржа премиератана филмот Кралот лав, кој наскоро ќе можете да го погледнете и во нашите кина. Главна ѕвезда на вечерта беше Бијонси која својот глас во филмот го позајми на лавицата Нали. Ова е нејзино прво појавување на црвениот тепих по цели 3 години.
Заблеска во необична креација, на која се потпишува модната куќа на Александр МекКвин. Своите раскошни локни, ги скроти во претенка и направи фризура во стилот на 90 - тите.
Пејачката на премиерата беше во придружба на постарата ќерка Блу Ајви, за кои многумина искоментираа дека е „мала копија на мајка си“, бидејќи се појавија во многу слични креации.
Можеби ќе ве интересира:
