(ФОТО) По бакнежот Шон Мендес конечно призна дали е во врска со Камила Кабејо?

(ФОТО) По бакнежот Шон Мендес конечно призна дали е во врска со Камила Кабејо?

Објавена во: Stars // Музика

Шон Мендес и Камила Кабејо поминуваат многу време заедно, а гласините дека тие двајца се во врска се зголемија откако го објави дуетот „Senorita“.

Од тогаш, постојано се мета на папараците, а парот е „уловен“ и како се држи за рака. Многумина ги интересира што се случува овде, а Шон одлучи конечно да проговори на оваа тема.

Неодамна беа уловени и како се бакнуваат, но и покрај овие докази изјавата на Шон не се поклопува со доказите што го преплавија интернетот.

„Ние сме само многу блиски пријатели. Таа е една од оние луѓе со кои лесно и поврзуваш и до ден денешен е една од моите најдобри пријатели. Само со некои луѓе можеш да ја пронајдеш онаа инстат врска, а таа една од нив“ - раскажа Шон за магазинот People.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: