(ФОТО) Повеќе не се кријат: Иван и Антониа го објавија првото селфи!

(ФОТО) Повеќе не се кријат: Иван и Антониа го објавија првото селфи!

Објавена во: Stars // Музика

Неодмна во јавноста одекна веста дека младата пејачка Антониа Гиговска и 10 години постариот пејач од Либеро бенд, Иван Јованов се во љубовна врска. До овој заклучок јавноста дојде по објавувањето на фотографиите од кученцето кое Антониа му го подари на Иван.

Оваа вест се рашири со брзина на светлината, а поради истата „гулапчињата“  повеќе не ја кријат својата љубов. Имено, денес на својот Инстаграм профил Иван сподели селфи со Антониа. Облечени во црно и со очи полни љубов позираат пред објективот. Иван не напиша никакво објаснување, но ова прво селфи за кратко „собра“ многу лајкови.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: