(ФОТО) Повторно блесна: Тамара емотивна и моќна во финалето
Вечерва се одржува финалето на 64 - тото издание на најголемото музичко случување Евровизија. Наша овогодинешна претставничка е поп пејачката Тамара Тодевска. Таа на публиката и ја претстави „Proud“, а Македонија ја направи горда со тоа што се пласираше во финалето.
На сцената и овој пат се појави во смарагдно зелениот фустан, кој е креација на дизајнерот Александар Ношпал. Александра Јанева, Антониа Гиговска и Васил Гарванлиев ја придружуваа Тамара на сцената, но не се појавија пред објективите.
Настапот преполн со емоции и силна порака, изобилуваше со неверојатни светлосни ефекти, а во позадина се вртеа фотографии кои беа изработени специјално за оваа прилика.