(ФОТО) Преслатко: Мајка и ќерка рекреираат гламурни изданија на славните

(ФОТО) Преслатко: Мајка и ќерка рекреираат гламурни изданија на славните

Објавена во: Совети // Семејство

Алја Чаглар од Турција е талентиран уметник и мајка која стана позната на Инстаграм благодарение на креативните фотографии од своето симпатично мало девојче, Стефани.

Алја, позната и како seasunstefunny на Инстаграм, заедно со ќеркичката Софија, прават серија фотографии со кои ја рекреираат гламурозната мода на славните на црвените теписи.

Порано во интервју за Bored Panda, мајаката изјави: „Потребни се околу 10-30 минути за да го рекреирате изгледот на славната личност, ние не користиме ништо повеќе од пластика, хартија, лим фолија и други материјали што можете да ги најдете околу куќата, како и степлер за да ги залепите парчињата заедно“.

Стефани, вели дека ги сака сите славни ликови што ги направиле досега и не може да избере омилен. Веќе течно зборува на руски, англиски и турски јазик, таа би сакала да биде моден дизајнер кога ќе порасне. Па, како што можете сами да видите, таа веќе е на одличен пат!



извор: Instagram

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: