(ФОТО) Пругасти парчиња кои се хит: Изгледајте шик во секоја прилика!
Нема комбинација која не ни дозволува да си поиграме со пругите, а брендовите не престануваат секое лето да ни претставуваат нови модели во бретон шара, односно пруги.
Стои на се и во секоја прилика. За нешто полежерно ги носиме со шорц, а во вечерни моменти на здолниште од лен. Ако се одлучите за фармерки, задолжителни се оние со висок струк.
Погледнете како оваа маичка ја носат познатите трендсетерки ширум светот, кај кои секогаш можеме да најдеме инспирација или две: