(ФОТО) Се поздрави со саканите: Ања Ветерова без насмевка летна за Америка
Иако со еден ден одложување, учебната година само што не започна за основците и средношколците. Но, за брзо време и студентите ќе започнат со своите активности.
Поради оваа причина и младата пејачка Ања Ветерова ги спакува своите куфери. Полна со спомени од изминатото лето, се поздрави со своите сакани во Македонија и го фати утринскиот лет за Бостон, Америка. Причината е едноставна, а тоа е продолжување на нејзините студии.
Ања на својот Инстаграм профил сподели видео додека го очекуваше својот лет, а од истото може да се забележи неизмерната тага.
Во се секој случај, нашата редакција и посакува многу успеси и многу приказни за раскажување за следното враќање од Бостон.