(ФОТО) Шон ги послушa обожавателите: На левата рака истетовира пеперутка
Пејачот Шон Мендес, кој во моментот е актуелен со песната „Сењорита“, истетовира пеперутка на левата рака. На тој потег се одлучи откако една обожавателка му среди фотографија на фотошот, со што му нацрта пеперутка на левиот бицепс, а подоцна му објаснила дека таква тетоважа одлично би му стоела.
„Можеш ли да ми испратиш вистинската фотографија од тетоважата?“ - и напиша пејачот во порака, на што таа му испрати цртеж од пеперутката.
Шон позитивно ги изненади обожавателите откако ја прифати идејата и истетовира пеперутка.
„Многу сме горди на тебе. Те сакаме и продолжи така“ - му порачаа обожавателите.