(ФОТО) Сите носат марами за коса - 3 начини како да издоминирате со овој летен тренд
Носењето марама за коса е повторно „ин“. Откријте како можете да го вклопите ова трендовско парче во вашата облека.
Не знаеме зошто, но одеднаш се чини дека Instagram е полн со убавици кои носат марами за коса. Овој украс на косата го гледаме насекаде - на познати, влијателни и кул девојки што ги следиме на социјалните медиуми. Можно е дека сите сакаат да ја прикријат измастената коса или нивните DIY експерименти за време на карантинот. Во секој случај, овој тренд е повторно овде и ние го обожаваме. Не само што е идеален спас за оние денови кога нашата коса е катастрофална, но во исто време секој аутфит го прави cool. Подолу ви нудиме малку инспирација за три различни начини на кои можете да врзете шал/марама:
# Зад увото
# Преку челото
# Под брадата
Овој современ ретро изглед е резервиран за најхрабрите, па дури и ако не се осмелувате да ја напуштите куќата така, барем направете cool селфи за Instagram.
фото: Инстаграм
извор: teen385