(ФОТО) Тинејџер од Македонија се сликаше со Џенифер Лопез во Анталија
Специјално за концертот на Џенифер Лопез во Анталија, Турција, македонски туристи заминаа во Белек, Анталија во хотелот „Regnum Carya Hotel“. Латино ѕвездата сношти одржала фантастичен концерт во хотелот за кој местата беа букирани со месеци однапред. Наша читателка ни испрати фотографии од Џеј Ло за време на ручекот во хотелскиот ресторан.
Џенифер Лопез се фотографираше со синот на нашата соговорничка
„Без оглед што е голема ѕвезда, таа е многу достапна и пријатна. Со семејството седев на маса веднаш до неа. Таа забележа дека моите деца ја гледаат и самаат го повика син ми: „Ајде, дојди да се сликаме. Одлично изгледа, има многу убава, сјајна кожа“, ни изјави читателката.
Латино-ѕвездата со ќерката на ручек во хотелот
Таа додава дека Лопез на концертот настапила со ќерка си, Ема Марибел Муњиз (11) која публиката одлично ја прифатила. На кус одмор во Турција, таа е со двете деца, Ема и нејзиниот близнак Максимилијан Давид кои имаат 11 години.
На концертот сношти
„Вчера дојде на хотелскиот базен со децата, и покрај обезбедувањето таа се фотографира со фановите“, додаде читателката. Вели дека туристите во комлексот зборуваат дека во една од хотелските вили во моментов одмара и Ријана, но до сега никој не ја видел.
„Тука е и Ким Кардашијан. Неа на кусо успеав да ја видам од далеку, а за Ријана се зборува дека е тука, во вилите“, ни изјави нашата соговорничка.
Џенифер Лопез ужива во хотелскиот Аква парк
За концертот на Џеј Ло, сцената специјално беше украсена со рози донесени од Испарта во Турција, познат како Градот на розите. Пристигна со хелихоптер и сместена е во вила со пет соби и приватен базен.
М.Џаровска