(ФОТО) Уникатни: Александра Заева и момчето се маскираа двапати за Струмичкиот карневал
Престојниот викенд центарот на случувањата беше во Струмица, односно на Струмичкиот карневал.
Она што им го привлече вниманието на сите присутни беше маската на Александра Заева, ќерката на премиерот на Македонија, која се маскираше во Сенди, главната улога од култниот филм „Брилијантин".
За вечерна маска Александра, заедно со своето момче и целото друштво се одлучи да се приклучи на групата и се маскираше во костур.