(ФОТО) Веселба во кралското семејство: Принцот Луис денес полни 2 години
Најмалото дете на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го прослави вториот роденден, а по оваа прилика на една од официјалните страници на кралското семејство се објавија и неколку фотографии од веселиот славеник.
Како што пишува, овие фотографии ги направила неговата мајка Кејт во текот на овој месец. Таа веќе неколку пати била „главниот виновник“ за преслатките фотографии на своите деца, па затоа стигнуваат пофалби за нејзиниот талент. Принцот Луис е облечен во карирана кошула, а покажа и колку ужива кога околу него владее „неред“.
„Ова се најслатките фотограгии денес“ - гласи еден од коментарите на обожавателите на кралското семејство.