(ФОТО) Во овој луксуз беше сместена Клое Кардашијан: Денес истиот е на продажба
Вилата во Малибу, сместена на плажа, која некогаш ја изнајмуваа Клое и Кејтлин Џенер, сега е достапна за купување...
Доколку оваа вила уште на прв поглед ви изгледа познато, тоа е поради фактот дека во неа редовен гостин беше реално шоу, „Keeping Up With the Kardashians“. Во прашање е прекрасен имот, кој е скоро реновиран, а кој поседува приватен влез за автомобил, директен пристап до плажа и спектакуларен поглед кон Пацификот.
Моменталните сопственици, Тифани и Џонатан Роуз, ја основаа инфлуенсерската компанија „Lux Life Now“ и ја купија во 2014 година, по цена од 5.72 милиони долари. Првиот пат кога ја ставиле на продажба пред две години цената била 7.995 милиони долари, а ја понудиле и за изнајмување за 25.000 долари месечно, тогаш кога всушност Кардашијанс влегоа во неа. Со оглед на тоа дека немало купец за истата, вилата била тргната од пазарот се до денес, кога е вратена со истата цена.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од оваа неверојатна вила, која е олицетворение на калифорнискиот начин на живот.