(ФОТО) Значењето на новите тетоважи на Софи Тарнер и Џо Џонас ќе ви го скрши срцето

(ФОТО) Значењето на новите тетоважи на Софи Тарнер и Џо Џонас ќе ви го скрши срцето

Објавена во: Stars // Музика

Познатиот пејач и неговата избраничка одлучија да направат исти тетоважи. Џо Џонас и Софи Тарнер направија иста тетоважа во знак на сеќавање на нивниот миленик, кучето Валд.

Тој почина во чудна несреќа, а парот сподели фотографии на интернет од новата тетоважа.

„Недостасуваш Валд. Почивај во мир, мое малечко бебе“ - напиша Софи.

Џо од друга страна беше помалку сентиментален.

„РИП мој мал ангелу“ - напиша познатиот пејач.

Прекрасното куче од расата Аљаски Кли Кај е раса слична на хаските, само од помал раст, настрада кога го удри автомобил, а целата несреќа била чудна, бидејќи возачот побегнал од местото на настанот, пишува Popsugar. Младиот брачен пар, Валд и неговиот брат Порк ги доби во 2018 година, а дури им отворија и Инстаграм профили.

Нивниот миленик ќе продолжи да живее во нивните срца и на нивните тела, во облик на тетоважа.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: