Фотографии од детството на Александар Вучиќ: „За жал, никој не ја наследи убавината мајка ми“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше гостин во емисијата на Огњен Амиџиќ, а во текот на истата гледачите имаа можност да видат неколку негови фотографии од детството.
Водителот Огњен Амиџиќ сакаше со претседателот да ги искоментира фотографиите.
„Ова лево, со трегер панталоните е мојот брат. Тој секогаш повеќе личеше на татко ми“ - кажа Вучиќ.
„Мајка ми не беше строга. Татко ми беше. За жал, никој не ја наследи таа убавина од мајка ми...“ - кажа Александар.
„Брат ми и јас секогаш носевме исти, слични работи. Тој во една боја, јас во друга“ - додаде претседателот на Србија.
фото: Принтскрин / Јутјуб