Фотографија од детски роденден ги растажи сите: Мајка од Србија направи хаос на Твитер

Фотографија од детски роденден ги растажи сите: Мајка од Србија направи хаос на Твитер

Објавена во: Совети // Семејство

Една мајка со потекло од Србија на Твитер објави фотографија од тортата за 12 - от роденден на ќерка ѝ. Сигурно очекувате на фотографијата од роденденот на девојчето да има и славеничка, многу насмеани гости, забавни активности... Но, нема ништо од тоа.

„Од 16 деца, 13 го потврдиле доаѓањето. Пристигнеле само три деца. Наводно се пакувале за годишен одмор, ненадејно заминале на планинарење, а на некои им било доцна да доаѓаат од 14 - 17 часот. Никој не се јавил за да се извини културно. Беше изнајмен простор, јадење, домашно кино, голема торта... Сето тоа е неважно“ - напиша таа.

„Не можам да ви ја опишам тагата на детето. И како децата овде да склопуваат пријателства, да се сакаат и меѓусебно да се почитуваат“ - се запраша оваа мајка.


Во коментари многу родители изразиле жалење и ги набројале своите слични или полоши ситуации.

„Дете (11) на роденден кај другар, падна од 4 метри, мост во игротека, ја скрши бутната коска, 22 тена лежеше во болница, потоа 33 дена носеше гипс, 40 дена закрепнуваше, немаше солзи на мојот херој, само прашања, каде ми се другарите да ми се потпишат на гипсот, една другарка дојде на посета. Едвај“ - напиша една од нејзините следбеници.

„Уф, тага. Така моето дете беше единствен гостин кај другарчето на роденден. Јас се изнаплакав како будала кога слушнав. Тоа се родители кои се кретени. Бакни го своето дете и тие три деца вредат повеќе од сите други“ - напиша друг родител.

фото: SHUTTERSTOCK/DAVID TADEVOSIAN

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: