Фотографија од детството на Јелена Ѓоковиќ: Имала заоблени образи, руса коса и шишки (ФОТО)
Сопругата на Новак Ѓоковиќ важи за една од најприродните убавици...
Сопругата на српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ ја носи титулата една од најприродните убавици, а за тоа зборуваат и нејзините фотографии од детството. Денес секогаш можеме да ја видиме дотерана, со умерена шминка и деловно облечена, а многу луѓе ги интересира како изгледала таа како дете.
Сопругата на Ѓоковиќ во една прилика со следбениците на Инстаграм сподели фотографии од семејниот албум, поточно од времето кога била мала и кога најверојатно не ни претпоставувала каква иднина ќе ја очекува. Од мали нозе се трудела да напредува, а најубавите денови од детството ги поминала со баба ѝ и дедо ѝ.
„Најубавите сеќавања од детството ме врзуваат за времето поминато со баба и дедо. Таму ги поминував летните распусти на базен, се сеќавам на таа среќа и радост кога ќе ја видев баба како ни носи полна корпа со крофни и кифлички за ужинка. За момент ги јадевме и ја прашувавме дали има уште“ - напиша неодамна покрај една фотографија од младоста.
Јелена е родена во Белград. Како девојче ја носела за тоа време популарната фризура, имала шишки и руса боја на косата, на која и остана доследна и денес. Доколку ги споредите нејзините сегашни фотографии и оние од раното детство, ќе видите дека Јелена ништо не корегирала на себе, освен што како девојче имала пополни образи.
фото: Принтскрин / Инстаграм