Фотографија од девојче ги вознемири Твитерџиите: Започнавме да се грижиме за неа
Фотографија од девојчето кое стои на ливада загрижи многумина на социјалните мрежи. На Твитер, се споделува фотографија од девојче со многу слаби нозе поради што многумина, барем на момент, се загрижени за нејзиното здравје.
Но, сите оние кои ја имаат видено фотографијата малку подобро ќе сфатат дека станува збор за оптичка илузија. Имено, девојчето во рацете држи вреќа со пуканки која е слична како бојата на тревата и во позадина на прв поглед навистина изгледа како да има многу слаби нозе.
„Бев сериозно загрижена и помислив: Ова дете треба да се спаси, да се нахрани“ - гласеше еден од бројните коментари.
„Видов дека некој пишува 'пуканки' и веднаш помислив, дека можеме да ја нахраниме со пуканки, но тоа не е доволно. Потоа ја видов вреќичката со пуканки“, „Ми требаа добри 25 минути за да ја видам вреќичката со пуканци“, „Ми требаше повеќе време. Почнав да се грижам за девојчето“ -гласееа некои од урнебесните коментари.