Фотографија од синот на Џеј Ло која потврдува дека не го сака Бен Афлек: Мајката му упорно му го наметнува она што не може да го поднесе
Веќе некое време се зборува дека синот на Џенифер Лопез не го сака Бен Афлек, а новите фотографии го потврдуваат тоа...
Близнаците Ема и Макс, кои латино дивата ги доби во бракот со пејачот Марк Ентони неодамна наполнија 15 години, а во таа прилика нивната мајка објави компилација фотографии од нив, и така добивме ретка шанса да погледнеме во животите на синот и ќерката на една од најголемите ѕвезди на денешницата.
На неколку фотографии во друштво на Макс и Ема се најде и новиот сопруг на нивната мајка, актерот Бен Афлек, со кој таа беше во љубов пред да се омажи за нивниот татко, а со кој по 20 години ја обнови врската. Бидејќи и двајцата во меѓувреме добија деца со други партнери, поважно им било нивните семејства да се поврзат, а како што открија - тоа им успеало. Близнаците добро се согласуваат со трите деца на Бен - ќерките Вајолет и Серафина и синот Семјуел.
Познато е дека Серафина, помладата ќерка на Бен е многу блиска со ќерката на Џенифер, која неодамна во јавноста се декларираше како родово неутрална личност, а извори блиски на познатата двојка тврдат дека кога се заедно не излегуваат од соба, далеку од очите на љубопитната јавност.
Џенифер во септември минатата година е видена во друштво на 16-годишната Вајолет, а тинејџерката со неа е фотографирана и во Париз, за време на нивниот меден месец, а многумина ги изненади тоа колку личи на својата мајка.
Бен наводно е близок со ќерката на Џеј Ло, која често беше мета на злобни коментари поради својот изглед и лицето кое на фотографиите често ѝ било намуретено, но изгледа дека во друштво на Афлек тоа се променило.
На фотографиите во друштво на Бен и неговите деца, Ема е насмеана, а фотографијата на која актерот нежно ја прегрнува ги освои срцата на обожавателите на познатата двојка.
Меѓутоа, многу се зборуваше дека синот на Џенифер не е баш воодушевен од Бен. За Макс во јавноста се знае многу малку, а како што изгледа, момчето настојува да избегнува внимание, па така многу ретко може да се сретнат фотографии од него.
Бен пред неколку дена беше уловен како покажува наклонетост и кон него, но по фотографиите делува дека на Макс тоа не му е драго. На фотографијата гледаме како Бен го прегрнува Макс, а очигледно дека момчето ја нема возвратено прегратката и дека само стои и чека актерот да го ослободи.
фото: ProfimediaСтранските медиуми пишуваат дкеа на Макс му пречи што неговата мајка јавно го прегрнува и бакнува својот сопруг, и дека му е непријатно поради тоа.
„Џеј Ло и Бен се поздравуваа, а таа не сакаше да го пушти да си оди без страствен бакнеж. Се види дека на Макс му беше непријатно додека се бакнуваа. Само им го сврте грбот и гледаше во својот мобилен телефон додека не престанаа“ - раскажа извор за „National Enquirer“.
И самата Џенифер во едно интервју призна дека децата понекогаш не сакаат да поминуваат време со неа и Бен.
„Моите деца во Бен имаат нов сојузник, некој кој ги сака и се грижи за нив, но тоа понекогаш има и поинаква перспектива. Ми помага да видам некои работи кои сама не би ги забележала, бидејќи сум многу емотивна врзана за нив“ - кажа таа за „Вог“. Раскажа и како во енда прилика не дозволиле таа и Бен да одат со нив, бидејќи им пречи вниманието кое постојано го привлекуваат.
„Ми кажаа: „Занеш како е кога одиш ти, мамо“. Тоа ме повреди, но разбирам. Тие сакаат да поминат време со своите пријатели без да ги гледаат, следат и фотографираат. Тоа е така. Никој не се жали, но тоа е така“ - раскажа Џенифер. откри и дека на нејзините деца им било тешко да се навикнат на нејзиниот нов брак.
„Транзицијата е процес кој треба да се помине со многу грижа. Имаат многу чувства. Тинејџери се. Сепак, засега оди добро“ - кажа.
фото: Принтскрин / Инстаграм