Фотошоп блам на Рита Ора: Еден мал детаљ ја издаде
Апликациите за обработка на фотографии не се ништо ново и скоро секој од нас во телефонот има неколку такви кои ги користи - некој повеќе, друг помалку.
Познато е дека обработувањето на фотографиите најмногу го применуваат познатите личности, кои се обидуваат да ни продадат илузија за совршенство, прикривајќи го сопственото незадоволство. За жал, во таа трка по „совршенството“ некогаш знае да им се поткраде и некоја грешка.
Најновата жртва од фотошопирањето е пејачката Рита Ора, која сакајќи да се пофали со способностите кои ги има за време на вежбањето, доби сосема спротивен ефект.
Имено, таа објави фотографија веднаш по вежбањето, но обожавателите за брзо забележаа дека малку се занела во фотошопирањето: прозорецот во позадина е потполно деформиран, поради желбата за намалување на половината и стоматокот.
Секако, што ги видела коментарите и ја сфатила грешката, фотографијата ја избриша и објави потполно поинаква, на која прозорецот е исправен, како што треба.
Дали повторно „интервенирала“ или пак се решила да ја сподели оригиналната фотографија не знаеме, но препорачуваме доколку нема потреба да не се игра со фотошопот на овој начин.
Може да ве интересира:Од Приштина до црвениот килим: Како се пробија Албанките кои владеат на светската музичка сцена?