Фризерот на Ники Минаж е воодушевен од Карлеуша: Фотки од Јелена се најдоа на неговиот Инстаграм профил

Фризерот на Ники Минаж е воодушевен од Карлеуша: Фотки од Јелена се најдоа на неговиот Инстаграм профил

Објавена во: Мода // Moj стил

Фризурата на Јелена Карлеуша особено му се допаднала на познатиот светски фризер, кој редовно соработува со Ники Минаж...

Јелена Карлеуша повеќе пати во својата кариера беше коментирана од страна на светските медиуми, најмногу поради својот изглед и тоа што ја копираат познатите личности, најмногу од Америка.

Сега го привлече вниманието и на познатиот фризер Дијонт Греј, попознат како Arrogant Tae, кој на сцоијалната мрежа Инстаграм има повеќе од 2 милиони следбеници, а најмногу се фали со соработката со Ники Минаж.

Тој на својот профил на стори сподели фотки од Јелена Карлеуша, кои се направени кога пејачката присуствуваше на погребот на Марина Туцаковиќ. Тогаш таа носеше црно од глава од петици, додека косата во розова боја ѝ беше врзана во пунџа, а на лицето имаше големи очила за сонце.

„Господе Боже, го крадам ова“ - напиша тој на фотографијата и стави емотикон срце.

Ова го забележаа и нејзините обожаватели и ја споделија неговата објава.

„Фризерот на Ники Минаж објавува фотографии од Јелена Карлеуша, а вие зборувате дека не е позната надвор од Балканот“ - пишува под фотографијата.


Иако на себе носеше обична комбинација, многумина искоментираа дека е вистинска модна икона.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: