Фудбалски бог кој му се поклонуваше на Ѓоковиќ: Марадона го обожаваше Новак, поради него гледаше тенис

Фудбалски бог кој му се поклонуваше на Ѓоковиќ: Марадона го обожаваше Новак, поради него гледаше тенис

Објавена во: Живот // Живот

Светот остана без Марадона, фудбалскиот магионичар, идол не напушти. Забавувач. Освен фудбалот, сакаше и тенис, го засака момчето од Србија кое го наруши „нацртаниот“ светски поредок, дуелот помеѓу Надал и Федерер.

Иако често знаеше да каже дека Швајцарецот е најголем на сите времиња, тука не поставуше прашања, неговиот темперамент се совпадна со оној на Новак, секако, што никогаш не пропушташе да спомене - пред сѐ, тој имаше голема почит и восхит кон Србинот како играч.

Се имаа сретнато неколку пати, на „теренот на Новак“, на турнири, дури и на тренинзи, некогаш одел на натпревари само за да го гледа српскиот ас.

„Новак Ѓоковиќ е феномен, но за мене постои само еден број еден - Роџер Федерер. Тој е апсолутен број 1“ - своевремено за Б92 имаше изјавено Марадона.

Патот во кариерата на Новак е она што го импресионираше, го воодушевуваше, бидејќи тој не беше толку едноставен и лесен како на другите асови од негов ранг. Марадона знаеше дека Новак до врвот се искачува по потешкиот пат.

„Новак ми зборуваше дека тренирал на места каде што паѓале бомби, па дека морал да оди да тренира на други места. Доколку бомбите паѓале лево, тој тренирал на десно. Тоа ми беше неверојатно и секогаш го раскажувам со голема гордост. Самиот се уверив дека популарноста го нема променето“ - своевремено изјави за „El Pibe“ Марадона.


За Ѓоковиќ не навивал единствено кога тој играл против Аргентинците, како што беше со Шварцман во финалето на Рим. Потоа му испрати порака на својот сонародник.

„Честитки, мали! Играш на одбојкарска мрежа и сега си во финале. За мене, ти си веќе шампион“ - му напиша Марадона на Шварцман.


Го сакаше животот, песната, боемски ги поминуваше деновите и ножите... Еден единствен, Диего Марадона.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: