Фустан кој вреди да се има во плакарот: Анастасија прва покажа да го износите на спортско елегантен начин
Тексас фустаните се враќаат на големата врата...
Тексас фустаните некогаш беа многу популарни, а сега доживуваат повторно враќање на модната сцена.
Во новата сезона особено ќе се истакнат моделите со миди должина и специфичен крој за 60-тите и 70 - тите години од минатиот век, а едни од најпознатите ѕвезди на уличната мода веќе ги набавија и гордо ги носат, притоа докажувајќи дека можат да бидат и добар елегантен избор.
Бројни брендови оваа сезона нудат разни верзии на тексас фустаните, секако во духот на модата која владее во моментот.
Фустанот од тексас е многу сестрано модно парче и во неговата удобност можете да уживате во топлите денови од летото, а исто така може да се носи и на пролет.
Нема сомнеж дека овој тренд ќе го гледаме уште долго, бидејќи стана инспирација за познатите креатори, но и за „high street“ брендовите кои во своите колекции претставија интересни модели.
фото: Принтскрин / Инстаграм