Фустанот е неверојатен и дел од нејзината магија: Модните експерти се во транс од најновото издание на Зендаја на црвениот килим
Мислите дека не може да се надмине себе, а само неколку подоцна американската актерка се појави на настан во фустна кој е уште поинтересен и поголемо ремек-дело од претходниот.
По лондонската премиера на филмот „Spider-Man: No Way Home“, свечено беше прикажан и во Лос Анџелес, а за родната Калифорнија, Зендаја Колман (25) чуваше вистинско модно задоволство.
Девојката која неодамна од страна на Советот на модни дизајнери на Америка беше прогласена за Модна икона (и е најмлада во историјата на која ѝ успеало тоа) неуморно работи, и со самото тоа, на неколку дена мора да се појави во јавноста.
Уште неодоморена од промовирањето на филмот „Dune“ на Денис Вилнев, Зендаја продолжи на промоцијата на новото продолжение на приказната за Спајдермен. Со помош на долгогодишниот стилист Лоу Роуч успева сите да не остави без зборови, а стајлингот за премиерата во Лос Анџелес е нешто сосема поинакво од она што го видовме во Лондон.
Имено, актерката овој пат облече фустан кој специјално за неа го дизајнираше Пјер Паоло Пичоли, актуелниот креативен директор на модната куќа „Валентино“. Во прашање е долг фустна со длабок отвор и длабоко деколте. Фустанот е во „nude“ нијанса и слична на бојата на кожа на Зендаја, поради што на прв поглед потсетува на т.н. „гол фустан“, а е украсен со светли црни бисери кои формираат мрежа од пајак.
Убавата актерка оваа несекојдневна креација ја имаше искомбинирано со црни салонки од „Christian Louboutin“, кои се од превртена кожа украсена со многу суптилни нитни. Целокупниот впечаток го зголемува гламурозниот накит од брендот „Bulgari“, чие заштитно лице е самата Зендаја, а за сѐ да биде уште поинтересно и во чест на Спајдермен, тука е и црната маска од мрежа и чишка која потсетува на маската на овој суперхерој.
фото: Robin Marshall / INSTAR Images / Profimedia