Гага конечно ја откри вистината за односот со Купер: Моравме да глумиме

Гага конечно ја откри вистината за односот со Купер: Моравме да глумиме

Објавена во: Музика, Филм

Пејачката и актерка, Лејди Гага конечно проговори за својата „љубовна приказна“ со Бредли Купер во едно неодамнешно интервју. Во разговор со Опра Винфри, Гага објасни дека сакале обожавателите да веруваат дека тие се „заљубени“ - особено за време на толку озборуваниот настан од доделувањето на Оскарите.

„Искрено, мислам дека печатот е малку смотан“ - рече пејачката. „Мислам, направивме љубовна приказна. За мене, како пејачка и актерка, секако дека сакавме луѓето да веруваат дека сме заљубени. И сакавме луѓето да ја почувствуваат таа љубов на доделувањето на Оскарите“.

Потоа продолжи: „Сакавме тоа да помине низ објективите на камерите и да се почувствува на секој ТВ приемник. И на тоа работевме напорно, работевме со денови. Копиравме сè - тоа беше прекрасно изрежирана изведба“.

Гага истакна дека парот ја добил реакцијата што ја посакувал: „Всушност, кога разговаравме за тоа, се сложивме: 'Па, веруваме дека направивме одлична работа!'“

Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: