Гала прослава на раскошниот имот: Италијанскиот милионер Џанлука Ваки го прослави вториот роденден на ќерката (ВИДЕО)
Малата Блу Јерусалема Ваки на фотографиите изгледа пресреќно...
Италијанскиот танчер и милионер Џанлука Ваки и неговата сопруга Шерон Фонсека, го прославија вториот роденден на својата ќерка Блу Јерусалема Ваки со гала забава.
Тие на малата принцеза ѝ приредија забава од соништата! На забавата имало сѐ - од раскошни декорации, преку розови балони, голема торта во иста боја, преку јавање и разни занимации за деца, до неверојатент огномет.
„Среќен роденден, принцезо! Ти благодарам за двете најубави години од мојот живот“ - напиша гордиот татко, додека мајката имаше нежни зборови за својата наследничка:
„Нашите срца се полни со љубов и благодарност. Блу уживаше во секоја секунда. Им благодарам на сите кои присуствуваа на вториот роденден на нашата принцеза“.
Позната двојка ги угости своите пријатели на својот имот, каде што луксузот беше присутен насекаде, а имаа и преубаво декорирана маса, преполна со разни специјалитети.
фото: Принтскрин / Инстаграм