Генијален професор по математика: Лекциите ги споделува на порно сајт

Генијален професор по математика: Лекциите ги споделува на порно сајт

Објавена во: Совети // School zone

Неговите видео содржини со математички лекции досега се погледнати повеќе од 2 милиони пати...

Професор по математика од Тајван е вистински гениј, а на неговата идеја би можеле да му подзавидат многу експерти за маркетинг.

Чанг Хсу се најде во сите светски медиуми, бидејќи своите онлајн лекции за комплицираните математички операции ги држи на најпопуларната интернет страница за порнографски содржини, Pornhub.

Во 226-те видеа кои ги објавил на оваа страница, професорот потполно облечен стои пред зелената табла, во раката држи креда и предава. 

Неговите видеа обично траат околу 40 минути и во просек имаат околу 20.000 прегледи. Досега има соберено повеќе од 1.9 милиони прегледи и има 6.900 следбеници, но овој број секојдневно се зголемува.

Во интервју за новинарската агенција „Фокус Тајван“, Чанг кажа дека видеата почнал да ги објавува минатиот мај, како дел од маркетинг стратегијата која му се исплатела.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: