GEOX – ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2020

GEOX – ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2020

Објавена во: После „Школо“ // PR

За сезоната пролет/лето 2020 Geox ни открива извонредно елегантна женска колекција која им дава нова интерпретација на актуелните трендови и уште повеќе ја става во центарот на вниманието напредната технологија во производство на обувки.

Бела, црна, жолта и црвена се најдоминантните бои застапени кај патиките изработени од комбинација од материјали со лесна, флексибилна и анатомска форма и ѓон кој дише што ги прави екстремно удобни. Кај патиките присутни се повеќе различни модели, некои кои се покажуваат успешни веќе неколку сезони, но и нови модели кои нудат можност за интересни комбинации и уникатен изглед.

Кај сандалите пак како материјал присутна е превртената кожа во свежи и интензивни бои за гламурозен изглед. Покрај сандалите и неколку модели на еспадрили се направени од овој материјал. Моделите на сандали се разновидни - рамни, со дебела и средно висока потпетица, со полна пета, со спортски ѓон, итн.

Дел од колекцијата е посветен на топлите тонови, животинскиот и етно принтовите, па така имаме модели со ремчиња кои се преплетуваат, потпетица од дрво, атрактивни додатоци на обувките направени од метални елементи...

Освен типично летните модели, тука се подеднакво убавите и елегантни модели кои се актуелни во секоја сезона. Класични чевли на средно висока или висока потпетица и добро познатите и ултра удобни Geox мокасини.

Можноста обувките да дишат, термо регулацијата и водоотпорноста се три главни карактеристики врз кои Geox го гради својот имиџ со кој е интернационално познат. Кај машката колекција оваа сезона фокусот е повторно на овие карактеристики, односно комбинацијата на квалитет, иновација и италијанска естетика.

За пролет/лето 2020 во машката колекција голем новитет е Levita – ултра лесни патики со прилагодлив облик, благодарение на иновативниот еластичен систем за закопчување во контрастни бои. Патиките се комбинација од платно и кожа со специјални отвори кои овозможуваат да се види водоотпорната мембрана позиционирана во самиот надворешен ѓон. Кај патиките како и претходните сезони застапени се веќе познатите Aerantis и Nebula модели.

За топлите летни денови во колекцијата на Geox може да се најдат еспадрили во свежи бои, мокасини и сандали. За формалните моменти, секако тука се и класичните модели на чевли кои изгледаат одлично и нудат огромна удобност при носењето.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: