Германците ја нарекуваат МАМА, живее во изнајмен стан: Факти за Ангела Меркел - канцеларката во заминување

Германците ја нарекуваат МАМА, живее во изнајмен стан: Факти за Ангела Меркел - канцеларката во заминување

Објавена во: Совети // Семејство

фото:profimedia

Германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел е една од најмоќните жени. Таа сака фудбал и наука, но има паничен страв од кучиња, а својот приватен живот го чува во тајност.

Многу работи не сте ги знаеле за Ангела Меркел до сега, а ние издвоивме неколку најинтересни:

1. Нејзиното моминско презиме е Ангела Каснер, додека презимето Меркел е од нејзиниот прв сопруг.

2. Германците ја нарекуваат МАМА уште од далеку.

3. Додека студирала, Маркел работела како шанкерка на студентски диско-забави.

4. Таа има завршено физика и докторат по квантна хемија. Некои велат дека таа постигнала успех затоа што пристапила кон проблемот од научна, аналитичка гледна точка.

5. Откако се разведе од својот прв сопруг, таа живееше во нелегален стан во близина на железничката станица. На нејзиниот триесетти роденден, татко ѝ доаѓа да ја посети и разочарано ѝ вели: „Не си дотуркала многу далеку!“

6. Ноќта кога падна Берлинскиот ѕид, во ноември 1989 година, Ангела Меркел имаше 35 години. За да го прослави овој голем настан, таа отишла во сауна, подоцна прошетала кратко и испила пиво. Таа брзо се вратила дома да се одмори бидејќи утре бил работен ден. Сите други во Германија беабудно до утрото.

7. Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на универзитетот во Берлин. Тој не сака публицитет, па затоа не се појави ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Тој обожава опера и пешачење и лета со евтини летови дури и кога му е дозволено да патува со Ангела со службени авиони. Поради неговиот интерес за опера, и недостаток од тоа во јавноста, Германците го нарекуваат „Фантом на операта“.

8. Меркел е добра готвачка. Обожава да прави колачи со сливи и често се гледа како купува намирници во супермаркет. Таа има навика да прави појадок за нејзиниот сопруг секое утро.

9. За неа велат дека живее во изнајмен стан со нејзиниот сопруг, професор по квантна физика и дека сака да готви супа од компир.

10. Уште во 1995 година, ја касна куче, а потоа се појави силен страв од кучиња кај неа. А се вели дека Путин често ја запознавал со своите миленици, кучиња, за време на официјалните посети.

11. Меркел обожава фудбал и честопати влегува во соблекувалните на мажите за да им ја честита победата. Се вели дека при една таква ненадејна посета, таа случајно го видела Бастијан Швајнштајгер (сопругот на Ана Ивановиќ) гол.

12. Минатата година беше забележано исклучително лошо здравје на Ангела Меркел. За време на официјалните посети, канцеларката беше обземена од трепет што беше видлив и кој траеше подолго време. Германците се сомневаат или дека Ангела има рани знаци на Алцхајмерова болест или дека станува збор за алкохолизам.

13. Меркел го прослави својот 67-ми роденден.

извор: stil.kurir.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: