Германските и француските министри се изјаснија: Добро ни е без Фејсбук

Германските и француските министри се изјаснија: Добро ни е без Фејсбук

Објавена во: Живот // Живот

Прикриената закана на компанијата Мета дека ќе ја напушти Европа ако повеќе не може да ги споделува податоците на европските корисници со Соединетите Американски Држави повеќе лише на музика за двајца висококотирани германски и француски политичари.

„Откако бев хакиран, четири години живеев без Фејсбук и Твитер и животот беше фантастичен“ - им кажа германскиот министер за економија, Роберт Хабек на новинарите на настанот, на кој присуствуваше и гермнаскиот министер за финансии Бруно Ле Мер во Париз во понеделникот, пишува Blooberg.

„Можам да потврдам дека животот е многу добар без Фејсбук и дека би живееле многу добро без Фејсбук“ - додаде Ле Мер.

„Дигиталните гиганти мораат да сфатат дкеа европскиот континент ќе се спротивстави и ќе го потврди својот суверинитет“.

Тие одговорија на коментарите во годишниот извештај на Мета, предупредувајќи дека ако не може да се потпре на новите или постоечките договори за споделување на податоци, тогаш „веројатно нема да може да понуди голем број клучни производи и услуги, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм, во Европа“.

„Европската унија е толку голем внатрешен пазар со толку голема економска моќ што нема да се уплашиме од нешто вакво“ - кажа Хабек.

Во меѓувреме, Ле Мер ги наведе начините на кои европските влади ги предизвикуваат технолошките гиганти, вклучувајќи ги правилата за приватност, оданочувањето и блокирањето на развојот на дигиталните валути.

фото: unsplash.com

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: