Ги иритираат, а може да бидат и отровни: 10 мириси кои кучињата ги мразат
Сетилото за мирис на кучињата е од 10 до 100.000 пати попрезен од човечкото. Постојат неколку мириси кои кучињата ги обожуваат, како на скара или мирисот на друго куче. Кучињата исто така го сакаат и мирисот на нивните сопственици. Но, има и такви кои ги мразат.
Некоја храна која луѓето ја сакаат може да биде токсична за кучињата, како кафето на пример. Постојат уште неколку производи кои би требало да се чуваат подалеку од кучињата. Мирисите кои се користат за освежување на домовите, како етерични маска, исто така може да бидат отровни за нив.
Еве неколку мириси кои кучињата ги одбиваат:
# Цитрусни овошја (лимон, портокал, грејпфрут);
# Оцет;
# Лути пиперки;
# Зачини (лук, сенф, пиперка);
# Кафе;
# Парфеми;
# Алкохол;
# Лак за нокти;
# Средства за чистење;
# Етерични масла (нане, цитронела, чајно дрво).
Ако мирисаат на нешто што не им се допаѓа, кучињата обично ќе ја напуштат просторијата. И силните мириси на храна ги одбиваат. Хемиските мириси, како што се алкохолот и хлорот, најдобро е да се чуваат подалеку од кучињата, бидејќи ги иритираат, но се отровни за нив.
фото: pexels.com/ron-lach