Ги издаде еден детаљ: Меган Маркл е повторно бремена?
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, наводно е повторно бремена и овој пат носи девојче, пренесуваат странските медиуми.
Гласините за нејзината наводна бременост започнаа откако Меган минатиот месец е снимена во јавноста како се држи за стомак, а бидејќи тоа често го правеше за време на првата бременост јавноста заклучи дека тоа може да значи само едно.
Еден американски медиум објави и дека војвотката е наводно 4 месеци бремена, како и дека британската кралица оваа вест ја дочекала со воодушевување и дека е пресреќна што кралското семејство ќе биде побогато за уште еден член.
Анонимен извор за британските медиуми изјави дека Хари и Меган се пресреќни, како и дека планирале второ дете.
„Отсекогаш зборуваа дека би сакале да имаат две деца со мала разлика во годините. Кога Меган дозна дека го чека второто дете, само неколку месеци откако го роди Арчи, таа и Хари беа пресреќни. Хари веќе го одбра името Дијана, по својата покојна мајка. Меган со тоа се сложува во потполност, бидејќи знае колку таа му значела на него.“ - тврди изворот.
Меган и Хари пред седум месеци го добија својот прв син Арчи.