Ги изненади сите: Контроверзната 19 - годишна ТикТокерка објави дека е бремена

Ги изненади сите: Контроверзната 19 - годишна ТикТокерка објави дека е бремена

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

ТикТок денес е еден од најпопуларните бизниси, особено доколку земеме предвид дека сите тие млади луѓе низ забава и шега заработуваат и по неколку милиони долари, а да не зборуваме за тоа дека сумата која ја заработуваат е поголема од просечна плата. Парите и популарноста со себе секогаш влечат и контроверзии и драми, па така оваа платформа секогаш е под велот на проблематичните настани - исто се случува и со 19 - годишната Зои ЛаВерн, која моментално го привлече вниманието откривајќи дека е во блажена состојба.

Имено, 19 годишната Зои сподели стори на Инстаграм на кое се гледа дека направила два теста за бременост кои покажуваат дека е бремена. Доколку мислевте дека ТикТокерката размислува да не го роди ова дете, бидејќи е се уште млада, тоа сепак не е така. Ѕвездата се пофали со бременоста и објави и фотографии со таткото на детето, 20 - годишниот Доусон Деј.

„Ќе бидеш прекрасен татко, многу те сакам. Ти благодарам што го промени мојот живот од корен и што ме направи најсреќана девојка на светот“ - напиша Зои покрај фотографиите. Доусон, Денот на вљубените оваа година го помина со идната мајка, па Зои сподели и преслатка фотографија од тој ден.

За да бидат работите уште полоши, се појавија полемики и за тоа кој е татко на детето на Зои - татковството не беше кристално јасно, бидејќи Зои „се прикраде“ во текот на 2020 година и се знаеше во јавноста дека го бакнувала нејзиниот 13-годишен обожавател по име Конор, но подоцна се покаја и изјави дека знаела дека таквата разлика во возраста не е ни законска!

Зои потоа се обрати на социјалните мрежи за да потврди дека таткото на детето е дефинитивно Доусон и никој друг: „Конор има 13 години, немаше ништо меѓу нас освен бакнеж, како можете да кажете такво нешто?“ - таа напиша.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: