Ги изненади сите со промената на изгледот: Џејмс Чарлс со никогаш подрастична промена

Ги изненади сите со промената на изгледот: Џејмс Чарлс со никогаш подрастична промена

Објавена во: Мода // Moj стил

Знае како да привлече внимание...

Јутјуберот повторно е во центарот на вниманието поради новиот изглед што го покажа на својот Инстаграм и во синоќешното издание. Фотографите и обожавателите останаа изненадени, а некои дури и не веруваат дека тоа е реално.

Џејмс не се плаши да прави повремени промени кога станува збор за неговиот сопствен изглед, но сега отиде чекор подалеку. Во своите сториња на Инстаграм, тој сподели фотографии од синоќешното излегување и на сите им ја покажа својата нова фризура - ќелава глава. Дали навистина би го направил тоа? Фотографиите ги уловиле и папараците, кога излегол на вечера со пријателите во ресторан во Лос Анџелес. Сите сме навикнати да го гледаме со неговата темна коса во воздухот, а се чини дека вакво нешто недостасува.

Тој разговараше и со еден од снимателите пред ресторанот, Кевин Вонг, за неговиот нов изглед. Рече дека само пробува нешто ново. На прашањето дали навистина ја избричил главата, одговорот на Џејмс беше: „Да. Дали ти се допаѓа? Тоа ќе биде мојот нов изглед. Навистина е така. Денес го сторив тоа.“


Фановите, сепак, имаат теорија дека тој навистина не го сторил тоа, затоа што нешто не им одговара и не изгледа како реално или нешто што би го сторил Џејмс, бидејќи секој знае колку ја сака својата коса. Тие мислат дека тој само ставил прекривка над главата што ја користат во филмската индустрија, а која изгледа токму вака.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: