Ги изненадија сите: По 5 месеци врска Мајли и момчето со заедничка тетоважа
Не може да кажеме дека сме шокирани
Беше само прашање на време кога Мајли Сајрус и Коди Симпсон ќе направат нешто што ќе ја изненади јавноста.
Секој месец проблематичната пејачка и нејзиниот нов избраник ја шокираат јавноста.
Овојпат не објавија фотографија на Инстаграм на која носат само долна облека, ниту објавија детали за работите кои ги прават во студио за да пеат поубаво.
Мајли Сајрус и Коди Симпсон посакаа да ја подигнат врска на едно повисоко ниво и да направат идентични тетоважи.
Не е сигурно чија идеја беше ова, по само 5 месеци врска да направат исти тетоважи, но младиот пар сега на своите тела има слична тетоважа - трозабец.
Во случај да се прашувате зошто баш ова, се претпоставува дека тоа е тивка поддршка за книгата со поезија на Коди, на чија насловна стои идентичниот трозабец, пренесува Cosmopolitan.
Инаку, нивните тетоважи за 24 часа станаа хит на интернет, па оние кои ги сакаат масовно се јавуваат кај тату мајсторите со желба да имаат таква тетоважа.