Ги изненадува учениците на мајка му: Момче секоја година се преправа дека е Дедо Мраз
Момче од Њујорк секоја година ги повикува четиригодишните ученици од училиштето за танцување на неговата мајка, преправајќи се дека е Дедо Мраз. Сето ова го прави како награда за напорното вежбање непосредно пред нивните шоуа за Новогодишните празници, а реакциите се еднакво смешни, колку што се преслатки.
Комичарот Алекс Филд вели дека неговиот дедо порано бил тој што ги повикувал сите ученици, преправајќи се дека е Дедо Мраз, кога тој и неговата сопруга биле сопственици на студиото за танцување, а Алекс ја продолжил традицијата за неговата мајка откако дедо му починал.
Алекс вели: „Поголемиот дел од времето се обидувам да не се смеам, или барем да го сторам тоа тивко, бидејќи малите се толку желни да споделат сè за себе, а она што сакаат да го споделат често е смешно“.
Алекс рече дека омилена интеракција со децата била онаа кога едно мало девојче го прашало Дедо Мраз дали го познава нејзиниот брат Иан.