Ги извади сите додатоци: Кајли Џенер покажа како навистина изгледа нејзината коса
Доколку се прашуваш како навистина изгледа нејзината природна коса...
Кајли Џенер сака да ја менува косата - должината, бојата и слично, па затоа сме навикнати да не изненадува со своите трансформации, а доколку некогаш се имаш запрашано која од сите тие фризури е нејзината природна коса, сега Кајли откри.
Нема боја, а ниту должина на коса каква што ја носи во последните година или две. Имаше кратка коса, долга коса, екстра долга коса, од неонски луди бои до платинество руса. Со помош на периките денес е многу лесно за момент да се промени изгледот, а Кајли таа можност ја користи повеќе отколку било кој. Никој не нзае со каква коса ќе ја види на следната Инста објава, а кога овој пат ги изненади сите и ја покажа својата вистинска коса. Во едно од неодамнешните сториња покажа мал дел од „behind the scenes“. Покажа дека вистинската коса е всушност со боб должина, до брадата, а бојата и е русо - кафена.