Ги мачи сите тинејџерки: Како да знаете дали градите ви се нормални?
Преголеми, премали или нормални - како изгледаат твоите гради? Во продолжение ќе ти откриеме се што треба да знаете за градите.
# Гради - симбол на женственоста
Еднаш мора да се случи! Секоја девојка во текот на животот ќе стане жена. Оваа промена за многу девојки е големо изненадување. Се гледа во огледало и ги забележува промените на телото. Прво што ќе забележи дека „таму горе“ нешто се случува: се појавиле брадавици! Тоа значи дека телото почнува да лачи сексуални хормони и дека градите постепено почнуваат да се развиваат. Она што во почекот било како зрно грашок или лешник, одеднаш ќе стане града. Додека градите не ја достигнат својата вистинска големина, ќе поминат од две до пет години. Дали твоите гради не се развиваат еднакво? Немој да се грижиш! Кога ќе наполниш 18 години, двете гради ќе бидат иста големина и нема да има воочливи разлики. Инаку: обликот и големита на градите се генетски одредени - исто како твојата боја на очи. Затоа твоите гради се нешто единствено.
# Брадавици - како две копчиња
Брадавиците кај секоја девојка се поинакви. Нивната големина немаат никаква врска со градите. Па така, можеш да имаш мали гради со големи и изразени брадавици, но и обратно, да имаш големи гради со мали брадавици.
Постојат девојки кај кои брадавиците се неверојатно чувствителни и регираат на допир. Други девојки пак се потполно опуштени и нема да се возбудат и воодушеват кога некој им ги допира брадавиците.
Дали си русокоса? Тогаш ти најверојатно ќе имаш розеви брадавици. Колку потемна е бојата на твојата коса и очи, толку потемни ќе бидат и твоите брадавици.
Брадавиците може да бидат видливи и под облеката. Но, отприлика кај 3% од девојките, тие се не се познаваат. Главниот виновник за тоа се кратките канали на млечните жлезди. Па, тоа не е ништо лошо или ненормално.
# „Круг“ околу брадавиците - што е тоа?
Тој може да биде мал колку монета или голем колку ЦД. Во кругот околу брадавицата обично растат влакна. Тоа е потполно нормално! Доколку тоа не ти се допаѓа, влакненцата може да ги отстраниш со пинцета.
Еден мал мускул, кој се наоѓа под кругот на брадавицата, реагира на студ, но и кога сексуално ќе се возбудиш. Тогаш кругот околу брадавицата се намалува и брадавиците се намалуваат. Она што ти изгледа на градите како да си се наежила, тоа всушност се млечните жлезди. Тие може да се менуваат и во втората половина на циклусот (отприлика по овулација, односно 14 дена пред следната менстриација) стануваат поголеми.
# Во внатрешноста - од што се составени градите?
Масти: една третина од градите се состои од маснотии.
Крвни садови и нервните канали се присутни во голем број, а нив ги спојува сврзното ткиво.
Млечни жлезди и млечните канали се исто така присутни. Тие стануваат активни по пораѓајот, кога градите произведуваат млеко.
Нема мускули во ткивото на дојката.
# Прашања за градите:
Во светот пред неколку години одекна ужасна вест: пејачката Шерил Кроу заболе од рак на дојка. Пред неа, истата дијагнозна ја добија и Анастасиа и Кајли Миног. Тоа ги шокираше и уплаши многу девојки. Еве неколку прашања и одговори на оваа тема:
Дали има нешто лошо во тоа што градите ми се напнати?
Без грижи. Твоите гради се во раст и се менуваат. Воглавно хормоните се виновни за ваквите тегобии.
Дали млада девојка може да добие рак на дојка?
Оваа болест се јавува многу ретко. Не е познат случај на оваа болест кај девојки помлади од 20 години.
Дали можеби девојките со големи или мали гради се повеќе загрозени?
Оваа болест се јавува без разлика на тоа колку се големи и каков е обликот на градите.
Дали таблетите за контрацепција може да бидат виновници за појава на рак на дојка?
Глупости! Научниците не воочиле никаква поврзаности помеѓу антибебе таблетите и ракот на дојка.
Дали е подобро моето момче да не ми ги допира, притиска и бакнува градите за време на сексот?
Доколку тоа ти е забавно, твоето момче може да прави се што е наведено во прашањето - не постои никаква опасност од рак на дојка.
Колку е важна исхраната?
Здравата исхрана го подобрува имунолошкиот систем, а со добра имунолошки систем ќе бидеш заштитена од болеста. Мораш да јадеш што повеќе свежо овошје и зеленчук и редовно да спортуваш. Така ќе бидеш во топ форма и ќе го подобриш своето здравје.
Во моето семејство постои некој кој заболел од рак на дојка. Колкава е опасноста за и јас да заболам од тоа?
На основа на статистичките податоци, ризикот од појава на рак кај тебе е поголем за околу 5%. Но, тоа се само бројки. не треба поради тоа да се нервираш, бидејќи стресот и стравот ќе го ослабат твоето тело и имунолошки систем. Најдобро е откако ќе наполниш 20 години редовно да одиш на гинеколог, да се информираш за болестите во твоето семејство и да се прегледаш. Тоа инаку можеш и сама да го направиш.