Ги надмина Ајнштајн и Хокинг: 11 годишна девојка од Иран со највисок IQ!
Една 11 – годишна иранска средношколка од Обединетото Кралство, го привлече целото внимание со извонредниот резултат од Менса IQ тестот, кој ги надминува и оние на големите мислители како што се Алберт Ајнштајн и професор Стивен Хокинг.
Тара Шарифи, ученик во средното училиште Ајлсбери, неодамна го надмина рекордот на Месна IQ тестот.
Таа постигна 162 поени на тестот и е два поени пред Ајнштајн, теоретскиот физичар кој се смета за еден од двата столба на модерната физика и познатиот космолог професор Стивен Хокинг.
„Јас бев шокирана кога ги видов резултатите – Јас никогаш не очекував толку добар резултат“ – вели Шарафи.
Високиот резултат ја квалификуваше Шарафи во членство во Менса, поточно во општеството со висок IQ.