Ги немаше со години, а сега се враќаат со светска турнеја: Сте слушнале ли за оваа група?

Ги немаше со години, а сега се враќаат со светска турнеја: Сте слушнале ли за оваа група?

Објавена во: Stars // Музика

Поминаа 9 години откако заминаа од музичката сцена, а нивните фанови сега имаат голема причина за славење. Женската поп група Pussycat Dolls се враќаат и одат на светска турнеја.

Сите ги слушаа, а дури и денес некои нивни песни се вртат на радио станиците. Оваа женска поп група пред 9 години беше вистински хит помеѓу тинејџерите. На нивните песни сите играа и знаеја текстовите од почеток до крај. Беа презгодни, а нивните секси движења сите девојки сакаа да ги ископираат. Тогаш одеднаш се распаднаа, а предводничката на групата Никол Шерцингер се проба со соло кариера.


Како што пренесува британскиот портал The Sun, извор близок на бендот откри дека токму Никол, главната пејачка на групата, потпиша милионски договор во кој е нагласено повторното собирање на Pussycat Dolls. Никол наводно неколку пати го одбила ова, а сега по скоро 10 години пауза, време е за повторно собирање повторно дојде. Истиот извор тврди дека Никол и останатите девојки од групата, следната години ќе започнат и ќе имаат светска турнеја.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: