Ги носеле во 90-тите, а сега се повторно ИН: ТикТок го оживеа трендот на кој сите му се радуваат

Ги носеле во 90-тите, а сега се повторно ИН: ТикТок го оживеа трендот на кој сите му се радуваат

Објавена во: Мода // In and Out

Опуштениот стил никогаш не излегува од мода, а тоа го потврдува и препознатливот „GAP“ дуксер...

Денес кога ќе погледнеме стари фотографии од нашите родители често си велиме „да не се повторат овие модни комбинации“, но сепак има и многу трендови за кои можеме да кажеме дека се „вечни“ и изгледаат добро и денес, исто како што изгледале пред на пример 10 години.

Би се кажало дека социјалната мрежа ТикТок одлучи да оживее еден тренд од 90-тите и 2000-тите, а тоа се големите и преудобни „hoodie“ дуксери.

Јасно е дека ТикТок сега засекогаш влезе во нашите животи, а дури и оние кои не споделуваат видеа со кореографии, стилски совети или своите омилени книги, знаат дека познатата социјална мрежа има моќ да истакне одреден тренд.

Благодарение на неа, едноставниот, но ефективниот дуксер, на брендот „GAP“ сега слави преродување.

Тоа често се трендови кои изгледа како да немаат смисла, кои не е лесно да се носат или трендови кои предизвикуваат помешани чувства.

Веќе некое време, „GAP“ дуксерите - оние кои се носеа во 90-тите - и понатаму се многу популарни благодарение на ТикТок, каде објавите со хаштазите #gaphoodies сега собраа 8,3 милиони прегледи.

Забележано е дека сега сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да ги носат удобните и топли дуксери со логото „GAP“.

Причината на нивното постојано влијание - освен факторот удобност - е елементот носталгија. Ги носиме од истите причини поради кои ги гледаме репризите на „Пријатели“ и тоа е потсетник на времето во нашите животи кое и не било толку комплицирано.

Значи, доколку имате „GAP“ дуксер во вашиот плакар, време е малку да го освежите и да го носите на фармерки, мини здолништа, карго панталони и чизми со платформа. Доколку сѐ уште немате, многу лесно може да си купите во некоја од продавниците каде што се продаваат.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: