Ги откажа претстојните настапи: Карди Б се опоравува од операцијата!
Американската раперка Карби Б ги одложи трите претстојни концерти за да опорави од неодамнешната операција за зголемување на градите, изјави нејзината потпаролка Пејшнс Фостер за CNN.
Карби Б неодмна изјави дека поминала низ процедурата за зголемување на градите. Таа одлучила да започне со подготовките за овој процес непосредно по раѓањето на ќерката, во јули 2018 година.
„Неомна ги зголемив своите гради. Се чувствувам добро, но во одредени моменти исто така имам чувство дека моите гради, малку се опуштија“ – објасни американската раперка.
Иако првобитно негираше, неодамна изјави дека наскоро ќе започне со процесот на липосукција. Поради комплетната ситуација, таа била принудена да ги откаже трите претстојни настапи за адекватно да се опорави и да се подготви за липосукција.
„Карди Б набрзина се врати на работа и не зема доволно одмор за потполно да се опорави од операцијата. Нејзиниот напорен распоред го собра данокот, па така доби строги наредби од лекарите за да ги откаже настапите во мај“ – рече Фостер.
Таа додаде дека Карди Б е тажна поради оваа одлука, а дека би требало настапите да ги одржи во септември.