Ги поддржуваат помладите колеги: Со кои млади пејачи снимија дует Панчо и Андреј од ДНК? (ВИДЕО)
Нашето најпознатото дуо, ДНК, кое го сочинуваат Владимир Блажев - Панчо и Андреја Ѓорѓиевски - Андреј, важи за една од групите, која успеаја да ги надмине сите препреки и цели 20 години да опстане на македонската музичка сцена. Нивниот прв сингл „Девојка за везден“ го објавија во 2001 година, но поголема популарност доживеаја по вториот, насловен „Благодарам однапред“.
Дека нивните почетоци не беа воопшто лесни немаат заборавено ни денес, кога на некој начин го имаат достигнато врвот, а тоа го докажаат и со преполните сали во кои одржуваат концерти, за кои секогаш се бара карта повеќе. Токму тие почетоци сигурно се кријат зад нивната желба да им помогнат на младите колеги кои во одреден момент се борат за своето место на музичкото небо.
Досега имаат снимено голем број на дуети, но овој пат ќе зборуваме само за оние со младите изведувачи, на кои на некој начин им беа „ветар во грб“ и им помогнаа за јавноста подобро да ги запознае. Во некои од нив се појавува само Панчо, но има дуети во кои се комплетни.
# Дарко Илиевски
Само што почна неговата популарност да расте, Дарко го објави дуетот „Едно тело“, во кое му гостуваа Панчо и Андреј. Оваа песна во тоа време беше вистински хит, а оние постарите генерации и денес знаат да си го пуштат на некоја домашна ретро забава.
# Сара Маркоска
Пред 8 години беше објавена песната „Зелено светло“, во која Панчо беше гостин и кој на Сара, која во тоа време се пробиваше на естрадното небо, ѝ помогна за поголема промоција. Денес, оваа песна има скоро половина милион прегледи на Јутјуб, но Сара некако стагнираше, кога е музиката во прашање и се посвети на своето образование.
# Антониа Гиговска
По учеството во „Ѕвездичките на Пинк“, Антониа започна да снима нова музика, а дуетот со Панчо дефитивно беше полн погодок. „Ванила“ во 2018 година беше апсолутен хит, се вртеше на сите радио станици, а бројот на прегледи на Јутјуб го докажува тоа.
# Мина Блажев
На почетокот на месецот, Панчо и Андреј објавија уште една соработка и уште еднаш со својата популарност се обидоа да помогнат на една млада пејачка. Станува збор за Мина Блажев, а дека песната „Кобра“ поминува добро, доказ е ѝ тоа што уште на прво слушање влегува во уши.
Р.Х.