Ги потврди гласините: Иги Азејлија роди син
По повеќенеделните шпекулации во медиумите и неогласувањата на раперката, Иги Азејлија конечно го потврди она што веќе некое време го знаеме: роди син.
Австралиската раперка на Инстаграм потврди дека има син, но не изнесе дополнителните детали.
„Имам син. Го чекав вистинскиот момент за да го соопштам тоа, но како времето поминуваше, се повеќе чувствував дека постојано имам чувство на анксиозност кога треба да споделам волку големи големи за светот“ - напиша.
„Сакам неговиот живот да го чувам во приватност, но сакав да нагласам дека не е тајна и дека неописливо го сакам“ - додаде Иги.
Веста дека раперката се породила првпат се појави на 2 мај 2020 година.
Иако парот официјално не ја објави ниту бременоста, ниту раѓањето, еден од соработниците на раперката DJ Akademiks, напиша дека „зборувал со некои луѓе“ и дека веста е точна.
Иги во декември исчезна од социјалните мрежи, а првпат се појави дури на крајот на месец мај.