Ги потврди шпекулациите: Тимоти Шаламе конечно откри дека има таен канал на Јутјуб
Понекогаш заборавеме дека, пред да станат познати, многу ѕвезди биле сосема нормални луѓе, како нас. Поради тоа е забавно кога од време на време ќе добиеме информација за нивниот „здодевен“ живот, кој го живееле пред популарноста.
Значи, гласините се вистинити: ѕвездата на филмот „Dina“, Тимоти Шаламе потврди дека имал таен профил на Јутјуб под називот ModdedController360, на кој прикажува и продава рачно украсени џојстици за xbox 360.
Обожавателите веќе некое време шпекулираат за овој профил, изнесувајќи разни теории на заговор за тоа како младиот Тими стои и зад него, а сега тој го потврди тоа во едно интервју.
„Всушност имав Јутјуб профил кој луѓето го пронајдоа. Порано сликав на џојстици. Направив три. Ги отварав целосно и ги боев“ - откри Шаламе.
the story behind timothée chalamet’s youtube channel: moddedcontroller360 pic.twitter.com/y8wIHsyisv
— (@frostedchalamet) October 22, 2021
Актерот снимал видеа уште во 2009 година, што значи дека тогаш имал 14 години. На профилот има три видеа, но не знаеме кое е подобро. Првото се вика „Green/Red Xbox 360 controller“ и Тимоти го опишува како божиќен.
Потоа тука е џојстикот „Blue/Silver“, кој му испаднал „прилично добро“. Најпопуларното видео сепак е „Red Tiger“. Цената му била сосема коректна - за еден џојстик наплаќал 15 долари.
Сепак, наскоро морал да се откаже од својот бизнис - родителите му забраниле да снима нови видеа, поради тоа што „имало боја низ цела куќа“. Кој знае каде би бил Тими денес, доколку ситуацијата била поинаква.