Ги следи своите соништа: 18 - годишниот Никола од Делчево е роден без една рака, но тоа не го спречува да игра фудбал
На Фејсбук страница „Спортски удар“ вчера имаше објава која ја заобиколи цела држава. Имено, истата беше посветена на младиот делчевец, кој и покрај својот хендикеп од раѓање, го живее својот сон.
Никола Марковски има 18 години и е роден без една рака. Овој хендикеп не го спречува да го следи својот сон и активно да игра фудбал.
Како што пишува во објавата на „Спортски удар“, тинејџерот е член на ФК Брегалница и во текот на есенскиот дел од сезоната има дадено два гола.
Браво момче! Ти си вистинска инспирација!